МВР со опомена до 150 граѓани кои зборувале на телефон додека минувале на пешачки

Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава  полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност  и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби.

Новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет е прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.

Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.

Scroll to Top