Меџити: Се отвори спортскиот базен во Чаир

Денеска беше официјално отворен спортскиот базен во близина на ООУ „Исмаил Ќемали“ во Топанско Поле, инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, која веќе им е ставена на располагање на граѓаните на Општина Чаир.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека овој проект долги години бил едно од најголемите барања на граѓаните и дека денес добива конкретна форма како значајна инвестиција за спортот, младите и заедницата.

„Ветување по ветување, ги реализираме. Секој проект што сме го ветиле влегува во фаза на реализација и овој спортски базен е конкретен доказ дека работата и посветеноста даваат резултати. Чаир заслужува инвестиции што остануваат и им служат на младите генерации“, изјави Меџити.

Спортскиот базен ќе создаде подобри услови за развој на спортот, рекреацијата и спортските активности за учениците, младите и граѓаните од оваа населба, најавија од општината.

Scroll to Top