Мицкоски: Остануваме на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП, изјави:

„Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5 проценти. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1 отсто, а со усогласени вредности 3,3 проценти, сезонски усогласени вредности 3,3%, што во однос на бруто домашниот производ претставува еден од најдобрите во Европа, во овој момент. Колку и да сакаат поединци да ја извртуваат вистината или сатирично да го пренесуваат сето тоа. Но за нив имам лоша вест, Македонија забрзува, Македонија победува и Македонија како многу пати во историјата ќе победи.“

Scroll to Top