Попладнето на 11 ноември во Битола се случила сообраќајна несреќа кај спојот на улиците „4 Ноември“, „Влатко Миленковски“ и „Димитар Илиевски–Мурато“.
Во несреќата учествувале товарно возило „Фолксваген“ со битолски таблички, управувано од 20-годишен возач од Битола, и електричен тротинет „Шаоми“, со кој управувала дваесетгодишна девојка од Прилеп.
Од ударот, младата возачка на тротинетот се здобила со тешки телесни повреди и веднаш била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што ѝ е укажана лекарска помош.
Екипа на СВР Битола извршила увид на местото на несреќата и се работи на утврдување на причините поради кои дошло до судирот.







