Мотоциклист тешко повреден откако излетал од патот

Вчера во 11:20 часот во ОВР Кратово било пријавено дека на регионален пат во село Железница, кратовско, Б.Д.(24) од Скопје управувајќи мотоцикл „кимко”  со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата, Б.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Увид извршила екипа од ОВР Кратово.

Scroll to Top