Фудбалерот Даниел Николовски го загуби животот во сообраќајна несреќа, потврди неговиот поранешен клуб Тетекс.
Николовски беше фудбалер кој ги направи првите чекори во Тетекс и стигна до првиот тим, со кој настапуваше во Втората македонска фудбалска лига. Во февруари оваа година тој се пресели во Хрватска, каде што го облече дресот на Хрватски витез Поседарје, клуб кој настапува во третиот ранг на тамошниот фудбал.
Тетекс преку соопштение се збогуваше со Николовски и изрази сочувство до неговото семејство и најблиските.







