На свлечиштето во центарот на Скопје бил затрупан багер но багеристот навреме излегол, бандера паднала врз кола: МВР со детали за вчерашниот инцидент

Вчера околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од фирма-инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло.

Од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Христо Смирненски“, а паднала и бандера која оштетила возило „дачија сандеро”, сопственост на Е.М..

Известени се јавен обвинител, Центар за управување со кризи, ЕВН, општина Центар и Државен инспекторат за труд.

Од страна на полициски службеници од СВР Скопје извршен е службен разговор со В.К. и А.Х., од правното лице- инвеститор на објектот, како и со А.М., кој го управувал багерот и се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Scroll to Top