На сила и го украл личниот накит: разбојништво во Струшко

Вчера во 17:00 часот во ОВР Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода К.Р.(33) од струшкото село Октиси.

Полицијата постапила по претходна пријава дека околу 16:30 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струга со употреба на физичка сила ѝ го одзел личниот накит на Е.Ш.(21) од селото Делогожда, струшко.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, сооптија надлежните.

Scroll to Top