НОВО СПЕЦИЈАЛНО ИЗДАНИЕ ENVY: УШТЕ ПОГОЛЕМА ПРИВЛЕЧНОСТ КАЈ PEUGEOT 208 И 2008

  • PEUGEOT ја збогатува гамата на моделите 208 и 2008 со новото специјално издание ENVY, достапно со целосната понуда на електрични, хибридни и бензински погонски единици.
  • Специјалното издание ENVY дополнително ја зголемува привлечноста на овие два најпродавани модели преку додадени ексклузивни стилски елементи и дополнителна опрема.

Со новото ENVY издание, PEUGEOT внесува дополнителна доза префинетост кај моделите PEUGEOT 208 и 2008 и се надоврзува на богатата опременост од Allure нивото. ENVY вклучува ексклузивни дизајнерски елементи и дополнителна опрема, со што интензивно го нагласува францускиот карактер кај овие два култни и најпродавани модели на PEUGEOT.

PEUGEOT 208 ENVY и 2008 ENVY се истакнуваат со нови ексклузивни бои на каросеријата, кои се достапни без доплата.

PEUGEOT 208 ENVY воведува сосема новата зелена Alvao боја, која ќе ја надополни веќе постоечката палета на: жолтата Agueda, белата Okenite, сивите нијанси Artense Grey и Selenium и црната Perla Nera.

Новите каросериски ENVY бои кај PEUGEOT 208 и PEUGEOT 2008, се комбинирани со покрив во сјајно црна боја, а кај PEUGEOT 2008 ENVY кровот е надополнет и со надолжни кровни носачи во сјајно црна боја.

 

Однадвор, специјалното издание ENVY, уште на прв поглед се издвојува благодарение на неколку препознатливи детали меѓу кои се истакнуваат и двобојните алуминиумски фелни со дијамантска завршна обработка и Black Mist лакирен премаз, кој дополнително го нагласува нивниот геометриски дизајн. (PEUGEOT 208 располага со 16-инчни NOMA алуминиумски фелни, а PEUGEOT 2008 со KARAKOY 17-инчни фелни)

Посветеност кон деталите

За пософистицирана атмосфера, PEUGEOT 208 и 2008 ENVY ја продолжуваат приказната на брендот и фокусот кон елеганција ѝ во патничката кабина.

Седиштата се обложени со ексклузивна таенина Tremezzo. Но, на прв поглед највпечатливо е моќното PEUGEOT лого поставено на потпирачите за глава, а веднаш потоа се забележува и порабувањето со сино-зелена боја Opalite, која кај ова ексклузивно издание продолжува и на панелите на вратите како и на потпирачите за раце.

Кај двата модели, алуминиумските прагови на предните врати имаат ознака PEUGEOT и со тоа се заокружува оваа софистицирана атмосфера.

 

Значајно е да се напомене дека PEUGEOT 208 ENVY дополнително располага и со таванска облога Black Mistral, на која има интегрирано LED-осветлување за во кабината.

Уште поголема удобност при секојдневно возење

Врз основа на веќе богатата опрема кај PEUGEOT 208 и 2008 Allure, специјалното ENVY издание дополнително вклучува неколку функции кои го прават секојдневното користење уште попријатно. Двата модели стандардно располагаат со систем за влегување во возилото и негово стартување без клуч, како и со камера за возење наназад која има висока резолуција. Кај PEUGEOT 2008 ENVY багажниот простор располага со две висински позиции, што им овозможува на корисниците да го оптимизираат просторот за багаж во согласност со нивните потреби во одреден момент.

Со специјалното издание ENVY, PEUGEOT дополнително ја зголемува привлечноста на своите два најпродавани модели, комбинирајќи уште повеќе стил, префинетост и богата опрема, истовремено задржувајќи ги нивната разновидност и ефикасност.

 

Оваа специјално издание ENVY е сега достапно и во Македонија. За повеќе информации обратете се во продажните салони на Еуроимпекс

Scroll to Top