Ноќеска околу 03:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Скендербег Кастриоти“ во населбата Драчево избувнал пожар во патничко возило форд фокус со скопски регистарски ознаки.
Според информациите од полицијата, возилото било сопственост на Ќ.А.(22) од Скопје. На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, која го изгаснала пожарот.
Во инцидентот нема повредени лица, а полициски екипи извршиле увид за утврдување на причините за пожарот.







