Осумгодишно девојче тешко повредено откако во него удрил „јагуар“ во Гостивар

Oсумгодишно девојче од Гостивар е тешко повредено по удар од автомобил во градот.

„На 07.08.2026 во 21:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Марко Симоновски“ во Гостивар, патничко моторно возило јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.О.(31) од Гостивар, удрило во осумгодишно девојче од Гостивар. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар во Гостивар“, соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Scroll to Top