Вторник, 24 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Отворена истрага за нападот врз гинекологот во „Букурешт“

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против едно лице во врска со нападот врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“.

Против едно лице е отворена истрага за кривично дело насилство.

„Според доказите обезбедени до овој момент, на 16 септември, во приватна ординација во склоп на поликлиниката ‘Букурешт’, осомничениот извршил грубо насилство врз лекар – гинеколог кој бил на неговото работно место. Му се заканувал и физички го нападнал со повеќе удари, а предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај други присутни во ординацијата“, соопшти обвинителството.

Јавниот обвинител до судот достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост со цел обезбедување на осомничениот и забрана тој да се приближува до оштетениот и ординацијата.

Поврзани вести