Откриена марихуана во автомобил на кумановец

Скопското обвинителство побара притвор за кумановецот во чиј автомобил беше пронајдена марихуана, соопшти денеска ЈОРСМ. Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Куманово, бидејќи постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

– Во автомобил со кој управувал осомничениот во Скопје полицијата пронашла околу пет килограми марихуана, спакувана во вакумирани најлонски ќеси ставени во куфер во багажникот, соопшти денеска ЈОРСМ.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Scroll to Top