Петгодишно дете тешко повредено во несреќа со четирицикл, кумановка изгубила контрола и се превртеле

Кумановка возела 5-годишо дете на четирицикл, изгубила контрола, се превртеле, при што детето е тешко повредено.

„На 25.7.2026 година околу 20:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница меѓу улиците Козјачка и Велко Стаменковски во селото Доброшане, кумановско, 30-годишната С.П. од с. Доброшане, управувајќи четирицикл со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и се превртела на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил нејзиниот 5-годишен сопатник. Со телесни повреди се здобиле и возач и 8-годишен сопатник, сите од Доброшане“, соопшти полицијата.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Scroll to Top