Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на собраниската седница се обрати до пратеничката од СДС, Славјанка Петровска која зборуваше за состојбите во земјоделието.
Петрушевски истакна дека не очекувал, Петровска да се јави да зборува и критикува за земјоделието, додека поранешниот министер од редовите на СДС, Љупчо Николоски да не е присутен во салата.
„Почитувана колешке, не очекував од вас дека ќе се јавите вие лично да говорите за оваа интерпелација, особено што и вие знаете дека оваа интерпелација е само еден обичен обид за политичка драма, а најмалку суштинска дебата за земјоделието. Затоа што и вие знаете дека овие луѓе коишто седат овдека, меѓу кои и вие. Оној поранешен министер којшто сега го нема, ама ете има кој денеска сака да критикуваат“, рече Петрушевски.
Додаде дека СДС имаа седум години власт да направат нешто за македонското земјоделие, а единствено што направиле е бизнисот со марихуаната, кога единствено луѓе блиски до СДС и тогашната власт добиваа лиценци за одгледување.
„Имаа седум години можност нешто за земјоделието. Резултатите ги видовте на изборите, меѓутоа ги гледавме и тогаш секојдневно на разни протести и искажување незадоволство и се она коешто се случуваше во тој период. Ако може да се каже дека направивте нешто во земјоделието, тоа е во делот на марихуаната. Тука да, направивте многу како тогашна владата и голем дел, односно најголем дел од сите бизниси и фирми коишто одгледуваат марихуана се во делот на вашата политичка партија и во делот на оние луѓе коишто тогаш ви беа власт“, истакна Петрушевски.







