На 25 април 2026 година во 11:10 часот во Полициската станица Валандово е пријавено дека на улицата „Пионерска“ во Валандово се случила сообраќајна несреќа.
Во несреќата, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот К.С. од Скопје, удрило во 67-годишниот пешак К.Л. од Валандово.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Гевгелија.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово.







