Во раните утрински часови во Скопје избувнал пожар кој зафатил два паркирани автомобили во подрачјето на општина Аеродром.
Според информациите од МВР, на 06.06.2026 околу 02:53 часот било пријавено дека е опожарено патничко возило ауди со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.И. (56) од Скопје, кое претходно го управувал А.И. (28) од Скопје.
Од пожарот било зафатено и друго патничко возило ауди, исто така со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Т.
На терен интервенирала Бригадата за противпожарна заштита Скопје, која го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.
Увид извршила екипа на СВР Скопје, а надлежните служби работат на расчистување на случајот.







