Почина 14-годишно девојче од Кавадарци: паднало од лулашка во парк

Четиринаесетгодишно девојче од Кавадарци, кое престојувало во Гостивар, починало откако паднало од лулашка во парк во градот.

Имено според пилицијата, синоќа во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар.

Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, по што била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, каде во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт. Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Scroll to Top