Вчера околу 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Иван Хаџиниколов“ и ул.„Јанко Митиќ“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(37) од с.Студеничани, скопско, удрило во пешакот Б.А.(93) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Полицијата информира дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.







