Вчера во 15:40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на крстосницата помеѓу булеварот „Илинденска“ и улицата „Гостиварска“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Б.М. од село Пирок удрило во пешакот, 74-годишниот С.Н. од Тетово.
При тоа, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.







