Претпладне променливо облачно, попладне краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 80 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 31 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, a во попладневните часови ќе услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Времето во наредните денови

Во среда ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд. Од петок и за време на викендов времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови со локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, ветер и услови за појава на град. Денеска ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 80 km/h.

Scroll to Top