Претрес во Дебар, пронајдена дрога, уапсен маж

Вчера во 15:30 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода 34-годишниот Б.К. од Дебар.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top