Во доцните вечерни часови во Скопје, во близина на касарната „Илинден“, полицијата приведе двајца странски државјани поради неовластено користење дрон.
Случајот се случил на 5 април 2026 година, околу 23:05 часот, каде што полициски службеници од СВР Скопје постапиле по претходна пријава. При интервенцијата, од слобода биле лишени А.В.Д.Б. (50) и Ј.Л. (63), двајцата државјани на Холандија.
Според информациите, тие неовластено вршеле снимање со дрон, кој им бил одземен на лице место, заедно со други предмети поврзани со случајот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.







