ФЕРОИНВЕСТ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден и да ги заштити од ниски цени и од исклучување, додека електро-енергетскиот систем да го заштити од преоптовареност.
Тоа се постигнува така што батерискиот систем овозможува произведената електрична енергија да се складира во моментот на нејзиното производство, а потоа да се користи за сопствени потреби во друг дел од денот или да се продаде по повисока цена кога пазарните услови се поповолни.
Батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ, на сопствените електрани и на електрани на клиенти, се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
• изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
• проектирање на батерискиот систем
• испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
• пуштање на батеријата во работа
• програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
• 24/7 мониторинг на батерискиот систем
• одржување на батерискиот систем
• приклучување во нашата балансна група
• откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
Батериските системи се клучен дел од енергетската транзиција во земјата, бидејќи покрај одржливоста на производството од електрани од обновливи извори, батериите исто така го заштитуваат и државниот електро-енергетски систем од преоптовареност во еден период на денот и од опасноста која ја носи преголемото производство на електрична енергија кое системот не може да го прими.







