Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 14 часот и 29 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово, на околу 122 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Земјотресот е почувствуван во југоисточните делови на Републиката, особено во Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.







