СДСМ: Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

Додека премиерот Мицкоски се обидува да ја изврти вистината и да зборува за арбитражите кои СДСМ ги доби, вистинското прашање на кое што треба да одговори е: зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за „Казандол“ во 2015 година, велат од СДСМ.

Од таму прашуваат дали заради тоа што бизнис интересите им биле поважни од граѓаните?

„Зошто ВМРО-ДПМНЕ застана против граѓаните од југоисточниот регион кои беа против оворањето на рудниците? Тоа се прашањата на кои Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат. Инаку се знае дека Владата на СДСМ во март 2018 година го раскина договорот за „Казандол“ и застана на страната на граѓаните. Токму Владата на СДСМ ја истера до крај арбитражната постапка за Казандол, која е завршена успешно во интерес на државата а сега само стигнува одлуката. Благодарение на граѓанскиот отпор и одлуките на Владата на СДСМ, денес рудникот „Казандол“ не постои, а државата ја доби и арбитражата. Тоа е целата вистина“.велат од СДСМ.

Scroll to Top