Се запали автобус на ЈСП во Центар

Вчера попладне, околу 17:05 часот, во полицијата било пријавено дека избувнал пожар во автобус на ЈСП додека стоел на автобуска постојка на подрачјето на општина Центар.

Огнот зафатил дел од задниот простор на возилото, но за среќа, нема повредени лица.

Сите патници навреме и безбедно го напуштиле автобусот.

Пожарот бил брзо изгаснат од страна на возачот и брзата интервенција на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Scroll to Top