Се отстрануваат хаварисани возила низ Општина Кисела Вода

Општинските инспектори и претставници на лиценцираната фирма за постапување со отпадни возила спроведоа акција за подигнување на хаварисани возила низ територијата на Општина Кисела Вода.

Според податоците од општинскиот инспекторат, од почетокот на акцијата досега се поведени инспекциски постапки за над 100 возила. Најголемиот дел од овие автомобили се веќе отстранети од самите сопственици, веднаш по оставањето на налепниците со известување за отстранување.

Денешното отстранување на хаварисаните возила се одвиваше на повеќе локации низ општината, при што беа отстранети оние возила чии сопственици не ги испочитуваа опомените и роковите од општинскиот инспекторат. Со ова директно се ослободуваат повеќе паркинг-места за граѓаните и се овозможуваат попроодни јавни површини.

„Со оваа акција ги отстрануваме сите оние хаварисани возила чии сопственици не ги испочитуваа опомените и роковите од општинскиот инспекторат. Со тоа директно ослободуваме повеќе паркинг-места за граѓаните и овозможуваме повеќе проодни јавни површини во општината. Апелираме до сите во иднина да престанат да се оставаат стари и неупотребливи возила на јавните паркиралишта и тротоари. Нашите служби во континуитет ќе ја следат состојбата на терен и ќе реагираат насекаде каде што ќе биде констатирано присуство на ваков вид отпад. Акцијата ќе продолжи во сите населби и навремено ќе ја санкционираме ваквата појава“, истакнa градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска.

Scroll to Top