Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода пет лица, сите жители на село Броштица, Општина Центар Жупа, поради физички напад врз лице од село Могорче.
-Денеска во 00:20 часот од страна на полициски службеници лишени се од слобода А.В.(19), Н.В.(53), А.В.(50), С.В.(32) и Р.Н.(19) сите од село Броштица, Центар Жупа, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Тоа постапувајќи по претходна пријава од лекар од Општата болница со проширена дејност во Дебар, дека со повреди е примен С.Р.(28) од село Могорче, дебарско.
-По преземени мерки е констатирано дека на семејна веселба во село Броштица, по претходно недоразбирање С.Р. бил физички нападнат од А.В., Н.В., А.В. и С.В. Од страна на А.В.(19) било пријавено дека истиот бил физички нападнат од Р.Н, додаваат од Секторот.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.







