Скопјанец пријавил напад: новиот сопруг на снаата му се заканувал по живот

Скопјанец на возраст од 53 години пријавил дека подолг период бил изложен на малтретирање и закан.

Според пријавата, на 22 април околу 08:00 часот, во неговиот дом дошол Д.В., сопруг на неговата поранешна снаа, кој претходниот ден физички го нападнал и му упатил закани по живот.

Пријавителот навел дека лицето со месеци го вознемирувало, а во еден случај физички ја нападнало и неговата внука.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Scroll to Top