Скопјанка измамена за 200.000 денари од „мајстор“ што исчезнал со парите, требал да работи во дворот

Педесетгодишна жена од скопско во полицијата пријавила дека била измамена од лицето В.„Н“ за износ од 200.000 денари.

Според пријавата, тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но по земањето на парите престанал да одговара на повиците.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Scroll to Top