Сончево време со температура до 37 степени

Bремето денес ќе биде сончево и топло со мала облачност.

Во попладневните часови во крајните северозападни делови ќе има услови за појава на слаб локален дожд, грмежи и ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде до 36 степени.

Scroll to Top