Сончево и многу топло, попладне на места пороен дожд и грмежи

Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска. Попладне на места се очекува зголемена облачност со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можно и невреме со силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на новата седмица дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник, се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На места ќе има услови за појава на невреме проследено со силен ветер и град.

Scroll to Top