Спасен чешки државјанин заглавен со мотоцикл во планински предел кај Демир Капија

Чешки државјанин бил спасен откако останал заглавен во планински предел во близина на демиркапиското село Страмашево поради дефект на мотоциклот што го управувал.

Од МВР информираат дека на 1 мај 2026 година во СВР Велес било пријавено дека В.Б. (46) од Република Чешка побарал помош за извлекување од местото.

По пријавата, полициски службеници од ОВР Неготино, Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Територијалната противпожарна единица Неготино извршиле пребарување на теренот, при што лицето било пронајдено и безбедно преземено во добра здравствена состојба.

Scroll to Top