Стефковски: Започна изградба на третата детска градинка во Гази Баба

Градоначалникот на Гази Баба и кандидат за нов мандат, Бобан Стефковски, информира дека започна со градба третата нова детска градинка во општината.

„Почнаа градежните активности за новата детска градинка помеѓу Маџари и Керамидница. Градинката ќе биде со површина од 1360 метри квадратни со капацитет за 150 деца. Вредноста е 147.000.000 денари, средства обезбедени од Владата. По градинките во Трубарево и Инџиково, денес ја почнуваме и третата градинка! Ова никогаш досега не се случило – во еден мандат, еден градоначалник да гради три нови градинки! И не застануваме тука! Во вториот мандат – нови градинки и за Хиподром 2, Керамидница и Сингелиќ!“, објави Стефковски на „Фејсбук“.

Scroll to Top