Струмички пожарникари извлекоа мајка и дете паднати во провалија кај манастирот „Св. Илија“

Струмичките пожарникари утринава извлекоа мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“.

Спасувачката акција започнала околу 5:15 часот, кога екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица добила повик и веднаш се упатила кон местото на несреќата.

Пожарникарите употребиле специјална спасувачка опрема и успеале безбедно да ги извлечат двете лица од провалијата.

По интервенцијата, мајката и детето биле предадени на екипа на Итната медицинска помош за лекарски преглед.

Од ТППЕ Струмица информираат дека спасувачката акција завршила успешно благодарение на брзата и координирана реакција на пожарникарите.

Од единицата апелираат до граѓаните да бидат внимателни при движење по трим-патеки и планински предели, особено во раните утрински и ноќните часови и на непристапни делови од теренот.

Scroll to Top