Синоќа околу 21:20 часот, на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале пет патнички возила.
„Во несреќата учествувале патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано Л.Ј.(19) од с.Кондово, скопско, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(38) од с.Ласкарци, скопско, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.С.(25) од с.Крушопек, скопско, патничко возило „фолксваген артеон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.З.(37) од с.Крушопек, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(28) од с.Глумово, скопско“, соопшти МВР.
Со тешки телесни повреди се здобил 19-годишен возач, додека со телесни повреди се здобиле двајца негови сопатници, шест лица од другото „бмв“ и возачот на „мерцедесот“.
Повредените биле пренесени во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.







