ТЕХНОМАРКЕТ СО НОВ МОДЕРЕН САЛОН ВО КИСЕЛА ВОДА  

Салонот на Техномаркет во општина Кисела Вода, од утре, 12. ноември, од 11:00 часот ќе биде на нова локација и тоа на булеварот „Борис Трајковски“ бр. 62.

Сите граѓани ќе можат да го посетат салонот и да пазаруваат по значително пониски цени на производите, но и да бидат сведоци на многу изненадувања и награди по повод отворањето на салонот.

Новиот салон e со површина од 1.069м2 и овозможува уникатно искуство за потрошувачите за време на пазарувањето. Исто така, салонот овозможува полесна прегледност на целиот асортиман производи и располага со сопствен паркинг простор.

Тимот на Техномаркет ги повикува сите граѓани и лојални купувачи да дојдат на големото отворање на новиот салон во Кисела Вода и да ги искористат големите попусти и изненадувања.

Техномаркет има вкупно 21 салон на територија на Македонија, а 8 од истите се во Скопје.

Во меѓувреме информирајте се за сите производи и новости на следниот линк.

Scroll to Top