Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на булевар во Скопје

На 13 октомври 2025 година, околу 08:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булевар „8 Септември“ и сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа.

Според информациите од МВР, во несреќата учествувале патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (35) од Скопје, и велосипед управуван од С.Ј. (66) од Скопје.

Во судирот тешки телесни повреди задобил велосипедистот, на кои му била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, а причините за несреќата се утврдуваат.

Scroll to Top