Двајца малолетници се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на локален пат во охридското село Долно Лакочереј, а кај возачот на автомобилот биле утврдени 1,20 промили алкохол во крвта.
Како што соопшти МВР, несреќата била пријавена на 18 јули во 14:45 часот и се случила помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.П. (38) од Долно Лакочереј, и мопед „априлиа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Охрид.
Во несреќата тешки телесни повреди се здобиле 16-годишниот возач на мопедот и неговата 15-годишна сопатничка од селото Долно Лакочереј. Повредите им биле констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Охрид.







