Три авиони го гаснат пожарот во Студеничани

Три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот во Студеничани, информира Центарот за управување со кризи.

„Директорот на ЦУК, моментално се наоѓа на терен, заедно со екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, во селата во Општина Студеничани, каде што се одвива интервенција за гаснење на пожарот кој го зафати овој предел. Во интервенцијата се ангажирани и три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), додека екипите на терен внимателно ја следат состојбата и преземаат активности за спречување на понатамошното ширење на пожарот“, соопшти ЦУК.

Од таму додаваат дека во моментов нема опасност за ниту едно населено место.

„Надлежните служби ќе останат на терен во текот на целата ноќ, со континуирано следење на состојбата и координација на активностите“, велат од ЦУК.

Scroll to Top