Вчера во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода 22-годишниот А.Г. од Радовиш.
Имено, истиот ден полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш и полициски службеник-водач на службено куче од Регионален центар за гранични работи Исток извршија пребарување на простор околу поранешна винарска визба на улицата „Чеде Филиповски Даме“ во Радовиш, при што службеното куче пронајде две пакувања со марихуана.
По преземените мерки дојдено е до сознание дека марихуаната ја сокрил А.Г., кој во службен разговор признал дека е негова.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветна пријава.







