Вчера во 17:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода 36-годишниот Љ.Ј. од Велес, поради основи на сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Велес.
По добиени оперативни сознанија, извршен е претрес во неговиот дом, со судска наредба, при што биле пронајдени и одземени пари и предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршените кражби.
Љ.Ј. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







