Уапсен возачот кој прегази пешак со камион на патот Прилеп-Градско

Полицијата го уапси возачот на камион кој вчера прегази пешак на патот Прилеп-Градско.

Според информациите на МВР, вчера во 18:05 часот е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци и по насоки на обвинителот, возачот Р.Ј. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Scroll to Top