Денеска (03.02.2026) во 17:30 часот на автопат Куманово-ГП Табановце полициски службеници од Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.Ѓ (35) Куманово.
Имено, при контрола полициските службеници сопреле моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 2,09 промили алкохол во крвта.
Б.Ѓ. е лишен од слобода и е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а возилото е одземено.







