Полицијата уапси кумановец на Граничниот премин Табановце, во неговото возило биле пронајдени стари монети.
Вчера во 20:18 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.С.(39) од Куманово. При гранични проверки и контрола во возилото „фиат“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монети со различни големини и форми, кои потекнуваат од различни временски периоди.
Лицето е задржано во Полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 266Б од Кривичниот законик – „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости“.







