Уапсен српски државјанин во Скопје, планирал убиство

Српски државјанин, осомничен да изврши убиство во име на криминална група, е уапсен во Скопје, информира српското Министерство за внатрешни работи.

„Во соработка и врз основа на размена на информации помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Криминалистичката полиција, Службата за сузбивање на криминалот и Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во Скопје е уапсен С. М. (42)“, соопшти Министерството.

При претрес на станот и другите простории во Скопје каде што престојувал С.М., биле пронајдени лична карта на друго лице издадена од Република Србија, црна тактичка униформа, воен нож, мала количина марихуана, пиштол марка CZ и муниција.

Според српското Министерство за внатрешни работи, С. М. претходно нелегално влегол на територијата на Северна Македонија и во таа земја, се сомнева дека планирал да изврши тешки кривични дела во име на членови на криминалната група на која припаѓа, најверојатно кривично дело убиство.

Scroll to Top