Вчера во 15:12 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Е.А.(42) од село Шум, струшко. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „алфа ромео“ со струшки регистарски ознаки, при што е кое констатирано дека го управувал без положен возачки испит. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено.
Вчера во 14:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.Е.(40) од село Србица, кичевско. При сообраќајна контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки со брзина од 64 километри на час на место каде брзината е ограничена на 50 километри на час. При контролата, исто така, е констатирано дека лицето има изречено забрана за управување моторно возило од Б категорија. Лицето е задржано во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случаите против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а и член 300 од Кривичниот законик.







