Крадци украле три бронзени бисти од гробиштата во Бутел.
Според информациите на МВР, вчера Д.В.(79) од Скопје пријави дека во периодот од месец мај 2025 до 26.10.2025 на градските гробишта Бутел од гробно место биле одземени две бронзени бисти.
Исто така, Б.В.(41) од Скопје пријави дека во периодот од месец април 2025 до 23.10.2025 на градските гробишта Бутел од гробно место била одземена една бронзена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.







