Украл „фиат“ од нива, па направил сообраќајка во Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М. (22) од село Градец, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“.

Според информациите, во текот на јули 2025 година, пријавениот од нива во атарот на село Пирок, тетовско, одзел патничко возило „фиат уно“ без регистарски ознаки, сопственост на А.Н.

Подоцна, на 14 август 2025 година, на улицата „Илинденска“ во Тетово, со возилото предизвикал сообраќајна незгода.

Scroll to Top